Џеф Безос ја поддржа најновата ТВ авантура на Amazon – „The Lord of the Rings: The Rings of Power“.
58-годишниот бизнисмен присуствуваше на премиерата на серијата заедно со девојката Лорен Санчез.
Двојката избра елегантен изглед за свеченоста во Калвер Сити. Познатиот милијардер носеше сиво одело додека 52-годишната поранешна новинарка беше облечена во бел фустан на едно рамо.
Насловена како „Господарот на прстените: Прстените на моќта“ (The Lord of the Rings: The Rings of Power), серијата следи настани кои се случувале илјадници години пред оние во филмовите „Хобитот“ и „Господарот на прстените“. Таа е најскапата серија снимена досега. Погледнете го трејлерот за ТВ шоуто чија премиера е закажана за 2 септември: