Џеф Безос и Лорен Санчез ги поминуваат празничните денови на егзотична дестинација. Парот беше фотографиран на јахта на Свети Вартоломеј со пријатели и роднини.
57-годишниот милијардер и 51-годишната презентерка и актерка си разменуваа нежности за време на релаксирачкиот одмор.
Безос и Санчез ја обелоденија врската непосредно по веста дека тој се разведува од Мекензи Скот, со која беше во брак 25 години.