Џеф Безос и Лорен Санчез зедоа важно учество во хуманитарната гала на Фондацијата „Робин Худ“.
На свечениот настан, на кој беа собрани 120 милиони долари за борбата против сиромаштијата, основачот на Amazon стави на аукција патничко место во неговата ракета „Blue Origin“ и со тоа донираше 8 милиони долари.
Парот се дружеше со 21-годишниот син на Санчез, Нико Гонзалес и неговата девојка.
Популарната двојка беше фотографирана во кежуал издание непосредно пред добротворната манифестација во Њујорк.