Џеф Безос и Лорен Санчез се верија.
59-годишниот основач на Amazon ѝ предложи брак на 53-годишната новинарка со која е во врска 5 години. Безос ја запросил Санчез со огромен дијамантски прстен на неговата суперјахта од половина милијарда долари. Парот беше фотографиран викендов на јахтата која се наоѓа во Кан, а на нејзиниот прст јасно се гледаше свршеничкиот прстен.
Лорен ги покажа стомачните мускули во кратка маичка и здолниште од Magda Butrym.
Пред неколку дена беше откриено дека на огромната јахта на Безос, која е една од најголемите јахти на светот, е поставена скулптура со ликот на Лорен.
Џеф и Лорен ја започнаа врската уште додека и двајцата беа во брак. Веста за нивната афера одекна во медиумите само неколку дена откако тој и неговата поранешна сопруга Мекензи објавија дека се разделуваат. Тие беа заедно 25 години.
Со разводот Мекензи доби 35,6 милијарди долари, но вети дека ќе донира најголем дел од богатството.