Џенифер Анистон, која беше блиска со Метју Пери и професионално и приватно, со емотивен текст се збогуваше од него.
Ѕвездата од „Пријатели“ објави една од последните пораки кои ги добила од Пери пред неговата смрт и се отвори за силните чувства по големата загуба.
Збогувањето со нашиот Мети беше луд бран од емоции кои ги немам почувствувано претходно. Сите доживуваме загуба во одреден период од нашите животи. Загуба на живот или загуба на љубов. Можноста навистина да тажиш ти дозволува да ги почувствуваш моментите на радост и благодарност што си сакал некого толку длабоко. А ние го сакавме длабоко.
Тој беше значаен дел од нашето ДНК. Отсекогаш бевме ние шестмината. Ова беше избрано семејство кое засекогаш го промени правецот на тоа кои сме и каков е нашиот пат. Мети, тој знаеше дека сака да ги смее луѓето. Како што и самиот велеше, ако не слушаше ‘смеа’, мислеше дека ќе умре. Неговиот живот зависеше од тоа. И тој успеваше и те како во тоа. Сите нè смееше. Силно.
Во последните неколку недели, роварев низ пораките кои си ги испраќавме. Се смеев и плачев, па повторно се смеев. Ќе ги чувам засекогаш. Пронајдов една порака која еден ден ми ја прати од нигде никаде. Таа кажува сè.
Мети, те сакам многу и знам дека сега си комплетно мирен и без болка. Ти зборувам секој ден... Понекогаш речиси можам да те слушнам како велиш: „could you BE any crazier?“ (Може ли да си полуда од ова?)
Почивај во мир, мало братче.
Секогаш ми го разубавуваше денот.
Анистон го надополни својот Instagram пост и со видео од серијата „Пријатели“, поточно со сцената во која Чендлер се збогува со Рејчел пред нејзиното преселување.
Пери почина ненадејно на 54-годишна возраст. Неговото тело беше пронајдено во џакузи, но причината за смртта сè уште не е позната, бидејќи истрагата е во тек.