За дочекот на новата година, Натали Грубовиќ со семејството уживаше во Црна Гора.
Атрактивната поранешна водителка на „Бинго“ со сопругот Дрен Глушац и ќеркичката го посетија луксузниот туристички град на полуостровот Луштица, кој се наоѓа на почетокот од Которскиот залив.
На својот профил на Instagram, Натали објави фотографии со ќеркичката која го носи нејзиното име.
„Благодарам 2024, беше добра. Добредојде 2025, биди подобра“ – напиша таа.
Натали е единственото дете на Грубовиќ која од 2016 година е во брак со српскиот бизнисмен Дрен Глушац.