Почетна » Новости » Занимливости » Новогодишно запросување: Битолчанец ја изненади саканата со предлог за брак на планина

Новогодишно запросување: Битолчанец ја изненади саканата со предлог за брак на планина

Новогодишен предлог за брак се случи во ски центарот „Стрежево“. Битолчанецот Борис ја запроси саканата Николина на планина токму на новогодишната ноќ.

Тој постави голем транспарент на кој пишуваше „Омажи се за мене“ украсен со балони. Потоа, тој ја доведе својата девојка и ѝ го постави судбоносното прашање.

Предлог за брак

Фотографии споделија од ски центарот „Стрежево“ и напишаа:

Нема правило за нови почетоци...

Нова година, нов почеток, нека е полн со среќа, љубов и успех...

На младите им посакуваме многу разбирање и љубов, да се чувате еден со друг, а на сите вас Ви посакуваме безгрижна година со многу радост и убавини.

Нека им е со среќа во заедничкиот живот.

За убаво да е.

Предлог за брак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21235 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.