Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Во топ форма: Џенифер Анистон го истакна тонираното тело на 55 години во нова фотосесија

Во топ форма: Џенифер Анистон го истакна тонираното тело на 55 години во нова фотосесија

Џенифер Анистон го покажа тонираното тело во фотосесија за People.

Во интервјуто за популарното списание, 55-годишната актерка откри какви вежби практикува за да го одржува своето тело во завидна форма.

Ѕвездата од „Пријатели“ признава дека топ приоритет ѝ е грижата за себе, правилната исхрана и менталното и физичкото здравје.

Џенифер Анистон

Откако случајно ја открила, Анистон не се откажува од програмата за вежбање Pvolve која соединува функционални тренинзи и опрема со отпор. Таа вели дека сега конечно може да ужива во тренинзите, без да си го „крши телото“.

„Можеш всушност да уживаш во вежбањето, без да ги со искршиш телото и повторно да имаш неверојатна трансформација. Од сите тренинзи кои ги имав испробано низ годините, овој ми го трансформираше телото повеќе од сите други. Навистина се вежби во кои можете да уживате. Знам дека кога немам 100% енергија, можам да извежбам само 20 минути и толку. Овој тренинг ти ги следи потребите и го обожавам за тоа“ – вели Анистон.

Џенифер Анистон

Џенифер открила и дека прво нешто секое утро пие колострум измешан со вода на собна температура и еден исцеден лимон.

Во постудените месеци, таа додава мала лажичка ѓумбир и мед.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.