Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина „Жената-мачка“ позната по пластичните операции и по разводот со кој стана милијардерка

Почина „Жената-мачка“ позната по пластичните операции и по разводот со кој стана милијардерка

Џоселин Вилденштајн, позната и како „Жената-мачка“ поради бројните пластични операции, почина на 84 години.

Силно озборуваната Швајцарка издишала за последен пат за време на дремка во палата во Париз каде престојувала со долгогодишниот партнер Лојд Клајн.

Џоселин Вилденштајн Џоселин Вилденштајн Џоселин Вилденштајн Џоселин Вилденштајн

Често беше под лупата на медиумите поради изгледот, но и поради големата парична сума која ја доби по разводот од трговецот на уметност Алек Вилденштајн.

Џоселин започнала со козметичките процедури уште додека била во брак со Алек, наводно за да ги задоволи неговите преференции. Но, продолжи да се менува надворешно и по разводот со кој стана милијардерка. Имено, контроверзната разделба по негово неверство ѝ донесе над 2 милијарди долари и исплата од по 100 милиони годишно.

Бидејќи обожавала големи мачки и самата таа чувала рис, се стремела со операциите да добие мачкести очи, а оттаму доаѓа и прекарот „Жена-мачка“. „Рисот има совршени очи“ - рекла таа.

Џоселин и Алек Вилденштајн имаат две деца.

Џоселин Вилденштајн Џоселин Вилденштајн Џоселин Вилденштајн

Бидејќи исплатите неколку години по разводот прекинале, Џоселин банкротирала.

Пред смртта, долги години беше со дизајнерот Лојд Клајн, а нивната љубов во неколку наврати беше засенета од пријави за насилство.

Џоселин Вилденштајн Џоселин Вилденштајн Џоселин Вилденштајн Џоселин Вилденштајн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21235 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.