Меган Маркл ќе има свое лајфстајл шоу на Netflix, кое ќе содржи доза кулинарство.
43-годишната војвотка од Сасекс во трејлер го најави шоуто кое го снима во изнајмена куќа од 5 милиони фунти во нивното соседство во Монтесито, Калифорнија.
Шоуто насловено „With Love, Meghan“ ќе се состои од осум епизоди кои ќе бидат достапни од 15 јануари.
Минди Колинг, Алис Вотерс и Рој Чој ќе бидат дел од нејзините специјални гости, кои ќе ги засукаат ракавите и ќе работат со неа во кујната и градината.
ТРЕЈЛЕР:
По најавата и објавувањето на трејлерот, Меган доби критики дека своите идеи ги црпи од шоуто на Ема Тин, „Emma's Kitchen“.