Џастин Балдони одлучи накратко да ја заборави драмата со Блејк Лајвли и да помине квалитетно време со семејството.
40-годишниот актер и режисер беше фотографиран со ќеркичката и синчето на Хаваи. Ѕвездата од „It Ends With Us“ го покажа мускулестото тело во костим за капење на плажа во Мауи додека се забавуваше со малите Маја и Максвел.
Џастин со моментов се тужи со Блејк во мултимилионски спор за случувањата на сетот на „It Ends With Us“. Лајвли го обвини својот колега за сексуално вознемирување и оцрнување на нејзиниот имиџ.
Тимот на Балдони тврди дека тоа е лага и поднесе тужба од 400 милиони долари против неа и сопругот Рајан Рејнолдс. Медиумите пренесуваат дека тој планира да креира веб страница која ќе ја содржи целата кореспонденција меѓу него и Блејк со цел обожавателите подобро да се запознаат со случајот.
Објавено е и ново видео од сетот на „It Ends with Us“ кое наводно ги побива тврдењата на Блејк.