Даниел и Марина Кајмакоски ја прославија втората годишнина од стапувањето во брак.
Сопругата на македонскиот пејач објави фотографии и слатка порака на овој специјален ден за нив.
„Овде те запознав. Овде веќе многу те сакав. А тие се производ на нашата љубов. Таа е со нас од самиот почеток.“
„И знаеш што Даниел? Мене навистина ми се допаѓа ова наше мало царство. И да можам повторно да бирам, повторно би направила сè исто, затоа што го сакам она што бевме, она што сме и она што ќе бидеме. Среќна годишнина од бракот, љубов моја“ – напиша Марина.
На фотографиите се се прикажани моменти од нивното запознавање и вљубување, од нивните две дечиња Стефан и Емилија, како и од нивното кученце.
Марина и Даниел го добија првото дете во април 2023 година, додека нивната ќеркичка пристигна на овој свет во ноември минатата година.
Даниел има и син од бракот со Кристина Димитријевска.