Почетна » Новости » Занимливости » ,,Караванот на мајчинство“ на dm и Матрона продолжува и оваа година со својата петта обука!

,,Караванот на мајчинство“ на dm и Матрона продолжува и оваа година со својата петта обука!

Мајчинството е патување полно со предизвици и радости, а dm и Матрона продолжуваат да го споделуваат ова патување со сите вас! По успешните четири обуки од минатата година, одржани во три града и онлајн, оваа година „Караванот на мајчинство“ продолжува со нова можност за сите трудници и мајки.

На 29 јануари, од 17 до 19 часот, ќе се одржи петтата обука на „Караванот на мајчинство“, и тоа во удобноста на вашите домови преку платформата Zoom. Овој пат, учесниците ќе имаат уникатна прилика да научат нешто повеќе за темата „Доење, правилна исхрана и здрави навики на децата и важни совети од ортопед за трудници и деца“ од два врвни експерти – Прим д-р Иванка Стефановска , ортопед и Прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог.

dm

За бидете дел од оваа магична средба, потребно е да се пријавите тука: info@matrona.org.mk. Не пропуштајте ја шансата да се поврзете со други мајки, да размените искуства и да научите нови работи кои ќе ви помогнат во вашето патување како мајка.

Ова е само почеток на годината полна со корисни обуки и поддршка за мајките. „Караванот за мајчинство“ продолжува да расте и да нуди нови можности за учење и развој. Пријавете се и дозволете си да бидете дел од оваа топла и поддржувачка заедница!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21883 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.