Почетна » Новости » Мода » Отмена со шешир: Меланија Трамп со софистициран стајлинг на инаугурацијата на Доналд

Отмена со шешир: Меланија Трамп со софистициран стајлинг на инаугурацијата на Доналд

Меланија Трамп започнува второ поглавје како Прва дама на САД, а новиот стилски поход го стартуваше на свеченостите во повод инаугурацијата на Доналд.

54-годишниот поранешен модел пристигна во Белата куќа во комплет од реномираниот американски дизајнер Адам Липес, покажувајќи суптилна елеганција и рафиниран стил.

Трамп Трамп Трамп Трамп

Темносините капут и здолниште, изработени од луксузна волна, беа совршено балансирани со кремаста свилена блуза која внесе идеална доза на женственост во формалниот стајлинг.

Како централен стилски елемент, Меланија избра широк шешир кој ѝ ги покриваше очите од дизајнерот Ерик Јавиц. Шеширот, кој оддава ретро гламур и современа елеганција, ја заокружи естетиката на инаугурациското модно издание.

Деталите на облеката беа сведени, но моќни. Така, црните ракавици додадоа суптилна нота на класична грациозност. Накитот, исто така, беше минималистички избран, истакнувајќи ја важноста на софистицираната едноставност.

Со оваа модна комбинација, Меланија успеа да ја истакне својата индивидуалност, да го почитува протоколот и да испрати порака за важноста на поддршката на домашните дизајнери и американската модна индустрија.

Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.