Почетна » Новости » Занимливости » Татко си направи тетоважа како лузната на ќеркичката од операција на срцето за таа да не се чувствува сама

Татко си направи тетоважа како лузната на ќеркичката од операција на срцето за таа да не се чувствува сама

Родителите прават сè за своите чеда.

Посветен татко си направи тетоважа како лузната која неговата ќеркичка ја има од операцијата на срцето. Со овој гест тој сака да направи девојчето да не се чувствува само и да расте самоуверено и среќно.

Еверли и татко си Еверли и татко си Еверли и татко си

Имено, малата Еверли била родена со вродена срцева мана и морала да мине низ операција на срцето само три дена по нејзиното раѓање.

Родителите за оваа состојба дознале уште во 33-тата недела од бременоста. За време на ултразвучен преглед, докторите откриле дека бебенцето ќе се роди со срцев проблем. Тие ѝ соопштиле на мајката дека бебенцето по породувањето нема да може да ја напушти болницата сè дури не биде направена операцијата. И така и било.

Еверли се родила во август 2017 година и до нејзиниот прв роденден минала низ три операции. За среќа, слаткото девојче денес е во добра здравствена состојба.

Еверли и татко си Еверли и татко си

Како што растела, Еверли забележувала дека другите деца немаат лузна како нејзината и тоа влијаело врз нејзината самодоверба.

„Ја имам оваа лузна бидејќи докторите го поправија моето срце. Имам линија од патент токму тука“ – вели таа.

„Понекогаш прашува зошто таа го има, а другите го немаат. Потоа се потсетува: ‘Јас имам специјално срце’. Се обидуваме да го користиме зборот специјално наместо болно, затоа што ѝ влијае попозитивно“ – вели нејзината мајка.

За да не се чувствува поразлично од другите, татко ѝ Мет си направи тетоважа иста како лузната на Еверли. „Не сакаше да бидам сама. Сакаше да биде специјален како мене“ – рекло девојчето за тетоважата на татко си.

Еверли и татко си Еверли и татко си Еверли и татко си

И мајката си направи тетоважа со иницијалите на двете деца: Еверли и Џек.

Еверли и татко си

Кога Џек видел каков ефект има тетоважата, тој изјавил дека кога ќе наполни 18 години, сака да си направи иста тетоважа како татко му.

Еверли и татко си Еверли и татко си Еверли и татко си

Видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22268 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.