Маж стана вирален хит со бурната реакција на веста дека ќе добие второ дете по години борба со неплодноста.
Џејкоб Бек не можеше да си ги задржи солзите кога неговата сакана Лорен му откри дека е бремена. Во видеото кое има милиони прегледи на TikTok, тој се враќа дома од работа и ги гледа позитивните тестови заедно со боди на коешто пишува: „Мало чудо“. Погледнете ја неговата реакција:
@thecaptain220 We’ve been dealing with infertility for years. We had one succesfull round of IVF and since then we’ve just been vibin. This year, come October, I was about to have enough to transfer another embryo, but life threw a huge wrench in the plans and adjustments needed to be made. It didnt look like we’d be having another chance at adding to our family until 2026… until my wife surprised me with 3 positive prenancy tests and a onesie with “miracle” on it! This is my calm reaction to finding out the Beck’s are adding baby girl to the mix come May! For those struggling with infertility, this is proof it can happen. P.S. the black box on the counter has the positive tests and the onesie in it! #ivf #infertility #miraclebaby #babygirl ♬ original sound - Jacob Beck
Откако станаа вирален хит на социјалните мрежи, среќните родители раскажаа дека со години се соочуваат со неплодност откако на Лорен ѝ бил дијагностициран синдром на полицистични јајници.
Првото детенце тие го добиле со ин витро и планирале да направат уште едно ин витро за да го прошират своето семејство, но се соочиле со финансиски проблеми кои го одложиле тој процес.
„Примавме неколку рунди лекови за плодност и во 2021 година бевме на консултација. Ни рекоа дека имаме 0,1% шанси за природно да зачнеме дете со нашата дијагноза и дека ин витро ни е единствената опција“ – раскажал Џејкоб.
Бидејќи не можеле да платат за ин витро, тие одлучиле да го одложат зачнувањето за 2025 или 2026 година.
„Одлучивме едноставно да бидеме среќни во моментот и да ја завршиме 2024 година со љубов и оптимизам“ – раскажал Џејкоб за нивната одлука пред да ја добијат убавата вест.
Парот воопшто не бил свесен дека ќе стане вирален хит на TikTok кога го објави видеото.
„На почетокот се смеев додека го гледав видеото. Плачев од среќа и помислив дека другите луѓе ќе уживаат во него. Но, колку повеќе мислев на тоа, толку повеќе сакав да го споделам искуството за да покажам дека има шанси дури и кога докторите ти велат дека нема.“
„На почетокот на нашето патување, кога одевме месец во месец со негативни тестови, беше крајно обесхрабрувачки. Секогаш се смеев кога гледав видеа од луѓе кои се соочуваа со неплодност, а потоа излегуваа со откривање на нивната бременост. Затоа сакав да го споделам моето искуство“ – рекол Џејкоб.