Ричард Гир и Алехандра Силва ја добија честа да ја красат насловната страница на Elle Шпанија.
За списанието, 75-годишниот актер и неговата 41-годишна сопруга позираа со елегантни модни комбинации, а во интервјуто споделија дека се „посреќни отсекогаш“.
„Ова е нашиот момент. Сега сме посреќни отсекогаш. Таа, бидејќи е дома, а јас затоа што ако Алехандра е среќна, и јас сум среќен“ – рекол Гир.
„Ние сме како сродни души. Ги имаме истите вредности, го гледаме светот на истиот начин и од првиот момент се чувствуваме како да се знаеме долго време“ – изјавила Силва.
Алехандра вели дека Ричард е одличен татко. „Ричард е многу посветен и присутен татко. Обожава да им чита приказни на децата. Изгледа како идилична слика, но вистина е. Тој е одличен татко“ – дополнила таа.