Почетна » Новости » Занимливости » Како во теленовела: Контроверзна актерка се омажи за својот полубрат и добија бебе

Како во теленовела: Контроверзна актерка се омажи за својот полубрат и добија бебе

Актерката Скарлет Вас во 2023 година го шокираше светот кога се омажи со својот полубрат, а пред неколку дена откри дека тие го добија првото заедничко дете. Иако партнерите честопати се мета на критики, редовно потенцираат дека не се во крвно сродство и дека се познаваат уште од пред да се запознаат нивните родители.

Скарлет Вас Скарлет Вас Скарлет Вас

29-годишната Австралијка се породи на крајот од 2024 година и ја нарече својата ќеркичка „Божиќно чудо“.

„Нашето Божиќно чудо конечно пристигна. Среќен Божиќ од нашето семејство до вашето“ – напиша актерката која се прослави со улогата во австралиската серија „Neighbours“, а подоцна и со содржините на платформата „Only Fans“.

Скарлет стапи во брак со полубратот Тај Ричи во септември 2023 година на Миконос, Грција. Тие се запознале во тинејџерските години во Мелбурн, но станале полубрат и полусестра откако нивните родители одлучиле да се венчаат.

Скарлет Вас

И покрај нивната поврзаност, тие се вљубиле еден во друг и одлучиле да создадат свое семејство. Парот сега живее во САД, а веста за бременоста ја откри во октомври минатата година.

Скарлет Вас Скарлет Вас

Скарлет и Тај долго време беа мета на спротивставени коментари онлајн. Додека едни велат дека нивната врска е погрешна, други сметаат дека љубовта не познава граници поради формалности и дека тие се прекрасен пар.

Таа вели дека ретко ги чита коментарите на социјалните мрежи, но дека кога ќе го направи тоа, се смее со нив.

„Всушност, јас не ги читам коментарите, но ако го направам тоа, се смеам. Ако нешто е многу негативно, може да одлучиме да возвратиме, сметаме дека тоа е доста добра тактика за разоружување“ – рекла таа.

Парот не ја открива љубовната приказна на нивните родители за да ја заштити нивната приватност, но секоја прилика ја користи за да објасни дека нема крвно сродство.

Скарлет Вас Скарлет Вас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22242 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.