Продолжението на филмот „Joker“ ги разочара фановите и филмските критичари и се најде на првото место по бројот на номинации за Златна малина.
На листите со награди кои им се доделуваат на најлошите филмови и актери, „Joker: Folie à Deux“ се споменува дури седум пати. Веднаш зад него, со по шест номинации, се „Madame Web“, „Megalopolis“, „Borderlands“ и „Reagan“.
Меѓу другите „Joker 2“ е номиниран за Најлош филм, Тод Филипс се најде на листата за Најлош режисер, Лејди Гага е дел од имињата во категоријата Најлоша актерка, а Хоакин Феникс конкурира за Најлош актер.
За улогата во првиот дел од филмот, Хоакин доби Оскар за Најдобар актер, а филмот заработи повеќе од 1 милијарда долари глобално.
Наградите Златна малина се доделуваат од 1980 година, а оваа година ќе бидат доделени на 1 март, еден ден пред Оскарите. Номинациите се определуваат од гласањето на група од околу 1.200 гласачи.