Лепа Брена е на заслужен одмор со сопругот Слободан Живојиновиќ во Тајланд.
64-годишната балканска ѕвезда изгледа неверојатно во бикини на фотографиите кои ги сподели од својата тропска авантура. На нив, таа плива во базен со својот сакан облечена во дводелен црвен костим за капење, кој го надополни со голем шешир и очила за сонце.
Мега популарната пејачка и поранешниот српски тенисер стапија во брак на 7 декември 1991 година. Минатиот месец таа сподели фотографија од свадбата за да ја одбележи 33-годишнината од бракот.