Почетна » Новости » Мода » Glamour: 5-годишната Сури Круз меѓу најдобро облечените жени?!?

Glamour: 5-годишната Сури Круз меѓу најдобро облечените жени?!?

Списанието Glamour ја објави својата листа на најдобро облечени жени на светот. Според резултатите од анкета спроведена на сајтот на Glamour, а во која својот глас го дале 17 000 посетители, титулата за најдобро облечена жена за 2011 ја доби Ема Вотсон.

На второто место се најде пејачката Шерил Кол, а на третото актерката Кристен Стјуарт. Но, она што го привлече вниманието на медиумите е појавата на Сури Круз меѓу најдобро облечените жени.

Петгодишната ќерка на Том Круз и Кејти Холмс се најде на 21-вото место, пред прочуените Сара Џесика Паркер (23-то место), Џесика Алба (26-то место), Кети Пери (27-мо место) и Ким Кардашијан (29-то место).

Сури Круз Сури Круз
Ема ВотсонЕма Вотсон Шерил КолШерил Кол

„Тоа што малата Сури се обидува да го издигне својот папараци изглед до совршенство наместо да оди да игра со своите врснички е сосема погрешно“ – критикува британскиот The Sun.

Од Glamour пак го објаснуваат изборот на Сури со зборовите: Таа ја има најпосакуваната гардероба во Холивуд“.

Сури Круз е омиленото славно дете на папараците. Таа постојано полни насловни страни со својот стил на облекување. Постојат и специјални блогови кои го следат само и единствено стилот на Сури. Се проценува дека облеката на Сури Круз вреди повеќе од 3 милиони долари. Таа поседува облека специјално изработена за неа од дизајнери како Џорџо Армани.

Најдобро облечени жени за 2011 според Glamour

  1. Ема Вотсон
  2. Шерил Кол
  3. Кристен Стјуарт
  4. Дани Миног
  5. Алекса Чанг
  6. Ријана
  7. Кејт Мос
  8. Блејк Лајвли
  9. Оливија Палермо
  10. Леа Мишел
  11. Џенифер Анистон
  12. Ешли Грин
  13. Ана Кендрик
  14. Ванеса Хаџенс
  15. Викторија Бекам
  16. Сиена Милер
  17. Даен Кругер
  18. Лејтон Мистер
  19. Саманта Камерон
  20. Кери Милиган
  21. Сури Круз
  22. Кира Најтли
  23. Сара Џесика Паркер
  24. Феарн Котон
  25. Никол Ричи
  26. Џесика Алба
  27. Кети Пери
  28. Лејди Гага
  29. Ким Кардашијан
  30. Мајли Сајрус

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.