Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвезда со големо срце: Пенелопе Круз ја користи својата слава во борба против ракот кај децата

Ѕвезда со големо срце: Пенелопе Круз ја користи својата слава во борба против ракот кај децата

Пенелопе Круз се обидува да ја подигне свеста за ракот кај децата и да помогне во собирањето средства за истражување на леукемијата. 42-годишната актерка моментално работи на документарен филм во кој се раскажува приказната за неколку деца со леукемија.

Во својата родна земја, познатата Шпанка гостуваше во телевизиското шоу „El Hormiguero“. Шармантната ѕвезда се појави со две дечиња кои уште од мали нозе го имаат победено ракот.

Пенелопе Круз Пенелопе Круз

Со својот прв документарен филм, славната сопруга на Хавиер Бардем се надева дека ќе охрабри што повеќе луѓе да работат на истражувањето на ракот и да пронајдат лек за оваа тешка болест.

Кога го најави започнувањето на снимањето на документарецот, Пенелопе изјави: „Мојата цел е да ја подигнам свеста за оваа чувствителна тема. Наскоро ќе ги запознам децата. Некои од нив ја имаат победено болеста, а другите сè уште работат на тоа. Јас ќе бидам само набљудувач и тие ќе бидат оние кои му кажуваат на светот што се случува. Секако дека ќе биде тешко, бидејќи ќе минувам многу време со дечиња кои се борат со тоа. Тие се деца кои ќе споделат со мене колку е ужасно тоа што им се случува“.

Пенелопе Круз Пенелопе Круз Пенелопе Круз Пенелопе Круз

Септември е месец за подигнување на свеста за ракот кај децата.

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.