За промовирањето на својата нова колекција долна облека за Agent Provocateur, Пенелопе и Моника Круз снимија краток, но жежок филм во кој ѕвезда е Ирина Шајк.
Видеото е всушност машки сон – десетици девојки во провокативна облека го мамат погледот на главниот машки лик Мигел Ангел. Сепак, неговите очи најмногу се задржуваат на заводливата Ирина Шајк, која во еден момент танцува сензуално пред него.
Шестминутниот филм е всушност семеен проект. Режиран е од Пенелопе, а во него се појавуваат бремената Моника Круз во розова долна облека и Хавиер Бардем. Музиката е дело на братот на сестрите Круз, Едуардо.
Двете сестри неодамна добија ќерки. На Пенелопе Круз и Хавиер Бардем им се роди ќерка пред една седмица, додека Моника роди девојче во мај годинава.