Пенелопе Круз е одлична актерка, а не може да се игнорираат и нејзините успеси како модел и дизајнерка. Но, талентите на Круз не завршуваат тука. 38-годишната харизматична ѕвезда умее и да пее, а тоа го докажува во новиот спот за песната „Decirnos Adiós“.
Видеото, кое е соработка помеѓу Пенелопе и познатиот шпански и италијански пејач Мигел Босе, раскажува приказна за љубовна разделба.
„Decirnos Adiós“ е напишана од помладиот брат на Пенелопе, Едуардо Круз.
Ова не е првпат Пенелопе да ги покажува своите пејачки способности. Шармантната актерка има снимено неколку музички нумери за нејзини филмови како „Nine“.