Шакира и Пике го прошируваат семејството. Колумбиската пејачка потврди дека е бремена.
Гласините дека Шакира повторно е во блажена состојба започнаа на затворањето на Мундијалот, но музичката ѕвезда ги потврди сега во интервју за „Cosmopolitan“ Мексико.
„Па да, вистина е, бремена сум“ – рекла таа.
Пред една седмица Шакира објави видео во кое со Пике го прифаќаат предизвикот „Ice Bucket“ и се полеваат со кофа студена вода, но вешто го сокри трудничкото стомаче со широка црна маица.
27-годишниот фудбалер и 37-годишната пејачка се запознаа за време на снимањето на спотот „Waka Waka (This Time for Africa)“. Во јануари минатата година им се роди првото дете, синот Милан.