Шакира и Пике постојано споделуваат приватни семејни фотографии со своите обожаватели на социјалните мрежи и секогаш привлекуваат илјадници комплименти.
Популарниот фудбалер објави нова фотографија на Instagram и Twitter на која ги држи в раце малите синови Милан и Саша.
Откако доби стотици комплименти, Пике искоментира дека се согласува со оние кои сметаат дека неговото семејство е најслатко. „Се согласувам! Го имам најслаткото семејство :)“ – напиша тој.
38-годишната пејачка и 28-годишниот фудбалер се запознаа на снимањето на спотот „Waka Waka (This Time for Africa)“ во 2010 година.