Шакира и слаткиот Милан несомнено му се најверните фанови на Пике. 37-годишната пејачка, која е во блажена состојба, беше фотографирана со малиот син на трибините на натпреварот помеѓу Барселона и Еибар, кој се одржа во Барселона, Шпанија.
Пике со своите соиграчи оствари победа и очигледно беше пресреќен што неговото семејство имаше можност да ја проследи динамичната игра.
Шакира неодамна изјави дека е пресреќна за втората бременост и дека би сакала да има 20 деца со Пике. „Со Жерар би сакала да имам 20 деца. Засега одиме со второ, ќе видиме што ќе се случи“ – рекла таа.