Шакира и Пике ја објавија првата фотографија од новородениот син Саша. Славните родители ја објавија слатката фотографија од малото бебе на сајтот worldbabyshower, посветен на хуманитарната акција која тие ја организираа во соработка со УНИЦЕФ.
Саша се роди на 29 јануари во Барселона.
Шакира претходно сподели и фотографија од малата нога на својот втор син и се пошегува дека неговите стапала личат на „фудбалските“ стапала на Пике, за што доби илјадници позитивни коментари.
Со споделените семејни фотографии, славниот пар ја поттикнува хуманоста на своите обожаватели. Учесниците во хуманитарната акција World Baby Shower купуваат подароци како полио вакцини, ќебиња и вакцини за мали сипаници, кои ќе им бидат доставени на деца во најсиромашните земји во светот.