Најдобрите од светот на филмот и телевизијата за изминатата година беа наградени на
За време на свеченоста во Беверли Хилс, Хоакин Феникс беше прогласен за Најдобар актер во драма за неговата маестрална глума во хитот „Joker“.
Рене Зелвегер ја прими статуетката за Најдобра актерка во драма за улогата на Џуди Гарланд во биографската драма „Judy“.
„Once Upon a Time...in Hollywood“ на Квентин Тарантино ја понесе титулата Најдобар мјузикл/комедија додека воениот филм „1917“ ги победи „The Irishman“, „Joker“, „The Marriage Story“, „The Two Popes“ во категоријата Најдобра драма.
На Аквафина ѝ беше доделена наградата Најдобра актерка во мјузикл/комедија, а Тарон Еџертон беше прогласен за Најдобар актер во мјузикл/комедија.
Бред Пит ја освои наградата Најдобар актер во споредна улога за филмот „Once Upon a Time...in Hollywood“ додека кај жените во истата категорија победи Лора Дерн за „The Marriage Story“.
Сем Мендес за „1917“ стана Најдобар режисер, а на Квентин Тарантино за „Once Upon a Time...in Hollywood“ му беше врачена наградата Најдобар сценарист.
За „Missing Link“ беше резервирана наградата Најдобар анимиран филм.
„Succession“ е Најдобра ТВ драма, „Fleabag“ е Најдобра серија во категоријата мјузикл/комедија, а „Chernobyl“ е Најдобра лимитирана серија.
Престижната награда Сесил Б. ДеМил заврши во рацете на Том Хенкс.
Елен Деџенерис беше почестена со наградата Керол Барнет за особен придонес во телевизијата.
Целосната листа на победници можете да ја најдете тука.