Пред два дена се одржа 74. по ред издание на „Златен глобус“, каде беа наградени најдобрите во филмската индустрија за годината што измина. По тој повод, да се потсетиме како изгледаа ѕвездите на големата филмска манифестација пред 10 години.
Многу нешта се променија во текот на изминатата деценија. Покрај стилот и изгледот на славните личности, бројни врски и бракови се распаднаа.
Бред Пит и Анџелина Џоли, Хајди Клум и Сил, Џенифер Лопез и Марк Антони, Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Мајкл Бубле и Емили Блант се меѓу холивудските парови кои во 2007 година чекореа прегрнати на црвениот тепих, но во изминатиот период ставија крај на својата љубовна романса.