Најдобрите во филмската и телевизиската индустрија ги примија наградите „Златен глобус“ за време на свечена манифестација одржана во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс.
„Boyhood“ и „The Grand Budapest Hotel“ ги освоија главните награди.
12-годишниот проект „Boyhood“ победи во категоријата Најдобра драма, на Ричард Линклејтер му ја донесе наградата Најдобар режисер, а на Патриша Аркет наградата Најдобра актерка во споредна улога.
Џулиен Мур беше прогласена за Најдобра актерка во драма за „Still Alice“, додека Ејми Адамс ја освои наградата Најдобра актерка во мјузикл/комедија за „Big Eyes“.
Еди Редмејн ја доби наградата Најдобар актер во драма за биографскиот филм за Стивен Хокинг „The Theory of Everything“.
„The Grand Budapest Hotel“ беше прогласен за Најдобар филм во категоријата мјузикл/комедија.
Мајкл Китон се закити со наградата Најдобар актер во мјузикл/комедија за улогата во „Birdman“.
„Transparent“ доби признание за Најдобра ТВ серија во категоријата комедија/мјузикл, а за Најдобра ТВ драма беше прогласена „The Affair“.
Кевин Спејси победи во категоријата Најдобар актер во ТВ драма („House of Cards“), додека кај Рут Вилсон заврши наградата Најдобра актерка во ТВ драма („The Affair“).
Џорџ Клуни ја прими престижната награда Сесил Б. ДеМил.
Целосната листа на победници можете да ја најдете тука.