Нејмар и Бруна Маркезини присуствуваа на гала на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата).
На свеченоста која се одржа во Сао Паоло, Бразил, 26-годишниот фудбалер и 22-годишната бразилска актерка си разменуваа бакнежи и нежности пред бројните фоторепортери.
Убавата Бруна носеше бела креација од италијанската модна куќа Версаче.
Нејмар принудно прави пауза од фудбалот поради повреда на ногата.