Александар Лазиќ ѝ приреди вистинско изненадување на својата сакана.
Хрватскиот актер и комичар ѝ предложи брак на својата девојка Наташа Поповиќ додека заедно глумеа во истата театарска претстава.
„Ова е најубавиот момент. Глумецот на сцена запроси глумица. Честитки Алекс и Бара на големата љубов, на одличната претстава и на прекрасните реакции на сите присутни во публиката“ – напишаа од театарот Керекеш.
„Знаев дека е луд, но ова не го очекував. За ова сонува секоја девојка, а еве, јас сега го живеам својот сон. И реков ДА“ – изјавила идната невеста.