Почетна » Новости » Актуелно » Битолското чупе и возот Мечо – традиција што ја движи зимската магија во Битола

Битолското чупе и возот Мечо – традиција што ја движи зимската магија во Битола

Битола уште еднаш ја потврди својата репутација како град на традицијата, културата и празничната магија. Оваа година, со над 400 настани на шест локации низ градот, „Зимска приказна“ ја претвора Битола во центар на зимската радост, инспирација и семејни вредности. Препознавајќи го растот и значењето на фестивалот, Бимилк, симболот на автентичната традиција во млечната индустрија, се приклучи како горд партнер за да ја поддржи оваа приказна која станува сè поголем мотор на локалната економија и туризам.

Мечо и Бимилк

Како и секоја година, возот Мечо останува омилениот празничен херој на најмалите, носејќи ги на возење исполнето со насмевки и радост. Неговиот заштитен знак, Битолското чупе, кој е симбол на традицијата во млечната индустрија, оваа година додава дополнителен сјај со поддршката на Бимилк. Битолското чупе ги кани сите дечиња на незаборавно возење со возот Мечо кој што ќе биде активен до 30.12.2024 во периодот од 12.00-14.00 часот и од 17.00-19.00 часот. На 31.12. ќе биде активен од 12.00 до 16.00 часот.

Мечо и Бимилк

„Како бренд кој е тесно поврзан со семејството и автентичните вредности, горди сме што повторно и оваа година ја поддржуваме „Зимска приказна". Овој настан не е само фестивал, туку вистинска манифестација која го обединува празничниот дух, традицијата и современите потреби на заедницата,“ изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

Во рамките на „Зимска приказна“, оваа година Битола добива нова димензија на празничното уживање – лизгалиште, кое веднаш стана омилена атракција за децата, младите и сите љубители на зимските спортови. Лизгалиштето е симбол на динамичниот дух на градот и дополнителна причина за посетителите од цела Македонија да ја доживеат Битола во нејзиното најубаво празнично издание.

Од концерти, уметнички перформанси, детски програми, па сè до традиционалните зимски атракции како лизгалиштето и возот Мечо, „Зимска приказна“ ја прави Битола најпосакуваната зимска дестинација во Македонија.

Мечо и Бимилк

Со своето партнерство, Бимилк не само што ја поддржува магијата на „Зимска приказна“, туку и ја зајакнува врската меѓу традицијата и современите вредности. Од насмевките на дечињата и незаборавните моменти поминати со возот Мечо, до топлината на секој празничен момент дома, Бимилк ја продолжува својата мисија – да биде дел од најубавите семејни приказни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.