Почетна » Новости » Животни стории » Суперхероите Вукашин и Ана се изборија лавовски со болеста и заѕвонија на ѕвончето на Детската Клиника

Суперхероите Вукашин и Ана се изборија лавовски со болеста и заѕвонија на ѕвончето на Детската Клиника

Две дечиња вчера заѕвонија на ѕвончето во Детската Клиника откако ја победија болеста и си заминаа дома.

Суперхероите Вукашин и Ана заедно излегоа од болничките простории, а нивните родители му се заблагодарија на целиот медицински персонал на Одделението за Онкологија и Хематологија.

Видеа од среќниот момент на Facebook сподели Бранкица, мајката на Вукашин и напиша:

ГОСПОДЕ, СЛАВА ТИ

Денес за нас е ГОЛЕМ ден, на Детската Клиника ѕвоното ѕвонеше два пати најсилно, Суперхероите Вукашин и Ана се изборија лавовски, го пребродија цел период храбро и достоинствено!!!

Благодарност до целиот медицински персонал на Одделението за Онкологија и Хематологија луѓе со големо срце. Благодарност и до нашите најблиски, роднини, сите пријатели ,колеги ... вашата молитва и поддршка ни беше многу значајна.Бура од емоции, солзи, насмеани лица, најголем аплауз

Дај Боже секое детенце кое се бори со ваква состојба (нема да ја наречам болест) на крај да биде победник и да ѕвони најсилно!!! Сите дечиња да се здрави и живи во целиот свет!!!

ДЕНЕС ИЗЛЕГОВМЕ ПОБЕДНИЦИ И НИЕ ГО ОГРЕАВМЕ СОНЦЕТО.

Уште еднаш ГОПОДЕ СЛАВА ТИ.

Вукашин и Ана Вукашин и Ана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.