Девојката на фудбалерот Нејмар, Бруна Маркезини, привлече големо внимание на црвениот тепих на премиерното прикажување на „The Sisters Brothers“ во Венеција.
23-годишната актерка пристигна на филмскиот фестивал во креација во шампањ нијанса од Ралф и Русо и натера многу фоторепортери да ги насочат своите објективи кон неа. Бруна носеше луксузен часовник украсен со 110 рачно поставени дијаманти.
Пред неколку дена Нејмар и Бруна беа на романтично патување во Париз.