Принцезата Кетрин со семејството им се придружи на кралот Чарлс и кралицата Камила на првата божиќна миса по завршувањето на хемотерапиите.
На секое појавување по битката со ракот, 42-годишната припадничка на британското кралско семејство блеска со широка насмевка на лицето. За мисата во црквата Св. Марија Магдалена во Сандрингем, принцезата од Велс избра зелено палто дизајнирано од Сара Бартон за Александар Меквин.
За рака со Кетрин чекореше нејзиното најмало дете, принцот Луи, додека Вилијам за рака ги водеше принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Пред нив одеа кралот Чарлс и кралицата Камила.
Во март, Кетрин сподели дека има рак и дека започнува лекување со хемотерапии како превентивна метода за спречување на ширење на болеста. Во септември, таа стави крај на тоа лошо поглавје.