Дуа Липа му кажа „ДА“ на Калум Тарнер.
Според извори блиски до парот, 29-годишната пејачка се верила со 34-годишниот актер откако тој клекнал на колено и ја запросил на Божиќ. Тие планирале да ја дочекаат Нова година со семејството и пријателите.
На последните фотографии објавени на Instagram, на нејзиниот прст блеска голем дијамантски прстен.
„Дома за празниците“ – напиша Дуа, која по потекло е од Косово.
Нивните најблиски биле пресреќни, затоа што Дуа и Калум се лудо вљубени еден во друг.
„Дуа и Калум се многу заљубени и знам дека ова е засекогаш. Тие се верени и не можат да бидат посреќни. Дуа имаше една од најдобрите години во кариерата на професионален план, а ова е само цреша на тортата“ – рекол извор за The Sun.
Липа и Тарнер се во врска од јануари 2024 година.