Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Фудбалерот Нејмар и неговата девојка Бруна го очекуваат првото заедничко дете

Фудбалерот Нејмар и неговата девојка Бруна го очекуваат првото заедничко дете

Нејмар и Бруна Бјанкарди наскоро ќе го добијат првото заедничко дете.

31-годишниот фудбалер и неговата 28-годишна девојка со фотографии ја објавија среќната вест на Instagram. На нив, Нејмар го гали и бакнува трудничкото стомаче на Бруна.

Нејмар и Бруна Бјанкарди Нејмар и Бруна Бјанкарди

„Го сонуваме твојот живот, го планираме твоето доаѓање и знаеме дека си тука за да ја комплетираш нашата љубов, правејќи ги нашите денови многу посреќни. Ќе бидеш дел од прекрасна фамилија...“ – напиша парот.

Нејмар и Бруна Бјанкарди Нејмар и Бруна Бјанкарди

Славниот спортист има уште едно дете, 12-годишниот Дави Лука, од врската со поранешната девојка Каролина Дантас.

Се смета дека Нејмар и Бруна ја започнаа врската во 2021 година, но дека ја чуваа во тајност до јануари 2022 година, кога објавија на Instagram дека се заедно.

Нејмар и Бруна Бјанкарди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 16433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.