Хју Хефнер се ожени со 60 години помладата Кристал Харис. 86-годишниот сопственик на „Playboy“ и 26-годишната русокоса зајачица стапија во брак на новогодишната вечер.
Свадбената церемонија се одржала во вилата на познатиот плејбој во Лос Анџелес, пред очите на блиски пријатели на младоженците.
Невестата носеше долга венчаница во светло розова боја, додека нејзиниот повозрасен сопруг за свечената прилика имаше избрано класичен смокинг.
Хју и Кристал ја објавија својата свршувачка во декември 2010 година. Во јуни минатата година Кристал го напушти Хефнер пет дена пред свадбата, но му се врати една година подоцна.
Ова е прв брак на Кристал и трет на славниот основач на „Playboy“.