Основачот на списанието Плејбој, Хју Хефнер, очигледно верува во трета среќа. Иако има два брака зад себе, 84-годишниот Хефнер на Божиќ се вери со неговата 24-годишна девојка Кристал Харис и ја објави среќната вест на Twitter.
„По филмот вечерва со Кристал си ги разменивме подароците. Јас ѝ дадов прстен“ – напишал тој.
„Кога ѝ го дадов прстенот, таа се расплака. Ова е најсреќниот божиќен викенд којшто го паметам“ – продолжил да раскажува празнично расположениот плејбој.
За да нема никакви забуни, малку подоцна Хефнер потврдил дека прстенот со кој ја израдувал Кристал бил свршенички преку пораката: „Да, прстенот што ѝ го дадов на Кристал е свршенички. Не мислев да создавам некаква мистерија. Среќен Божиќ на сите“.
Ова ќе му биде трет брак на Хју Хефнер. Минатата година тој се разведе од неговата втора жена Кимберли Конрад, со која беа разделени од 1998г. Разводот беше финализиран во март оваа година. Претходно, познатиот плејбој беше во брак со Милдред Вилијамс. Тој брак заврши уште во далечната 1959г.