Кристал Харис за првпат му ги зацрвени образите на Хју Хефнер кога го остави само неколку дена пред свадбата. А со последното нејзино интервју, 25-годишната зајачица уште еднаш го засрами големиот плејбој.
Не штедејќи зборови, русокосата пејачка откри тајни од сексуалниот живот со 85-годишниот сопственик на „Плејбој“. Таа призна дека никогаш не го видела Хефнер гол и дека имале секс само еднаш, а нивниот интимен однос траел ни помалку, ни повеќе, туку 2 секунди.
„Тој не си ги соблекува алиштата. Никогаш не сум го видела Хеф гол... Не ме возбудува Хеф“ – изјави таа во интервју за контроверзниот Хауард Стерн.
Не помина долго време пред Хефнер да возврати на зборовите на Кристал. Тој ја искористи друштвената мрежа Twitter за да ги демантира приказните на неговата бивша свршеница.
„Кристал денес направи лудо интервју со Хауард Стерн, кое нема ништо заедничко со реалноста... Дали се обидува да го импресионира новото момче? Сексот со Кристал првата ноќ беше доволно добар за да ја зачувам уште две ноќи... Кристал лажеше за нашата врска во шоуто на Стерн, но не знам зошто“ – ова се пораките на Хефнер кои подоцна беа отстранети.
Еве дел од отвореното интервју на Кристал: