Кристал Харис се врати во прегратката на големиот плејбој Хју Хефнер. Пред една година, 26-годишната зајачица избега од вилата на 86-годишниот основач на „Плејбој“ само пет дена пред нивната свадба, но очигледно сега се премисли и ја продолжи врската со него.
Фотографиите ги објави на Twitter самиот Хефнер, а се направени на забавата по повод 4 јули, Денот на независноста на САД.
„Тие се многу среќни заедно и сè е исто како во старите добри времиња. Исто како разделбата воопшто да не се случила. Кристал го молеше Хеф да ја прими назад. На големо изненадување тој нема лоши чувства кон неа, па ѝ дозволи да се всели во вилата“ – објави RadarOnline, цитирајќи анонимен извор.
Освен што Кристал го остави Хефнер неколку дена пред свадбената церемонија, таа минатата година даде и многу понижувачка изјава за него, кога призна дека никогаш не го видела Хефнер гол и дека имале секс само еднаш, а нивниот интимен однос траел ни помалку, ни повеќе, туку 2 секунди. Само неколку дена по изјавата, таа му се извини на Хефнер.
Пред еден месец Кристал потврди дека повторно е во врска со 60 години постариот Хефнер.