Џастин Тимберлејк буквално скока од радост на првата фотографија од неговата свадба со Џесика Бил.
Убавата невеста носеше розова венчаница од Џамбатиста Вали во стил на принцеза. Додека 30-годишната актерка се движела кон олтарот, Џастин ѝ испеал досега необјавена негова песна.
„Тоа беше оригинална песна што ја напишав специјално за вечерта и за неа“ – признал среќниот младоженец.
За време на романтичната церемонија која се одржа во Пуља, Италија, Џастин носел костум од Том Форд. „Тоа беше навистина специјална вечер“ – изјавил Џастин за списанието „People“ по завршувањето на церемонијата на која присуствувале 100 гости.
Пред да стапат во брак, Џастин и Џесика беа во врска пет години.