Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 25-годишната Кристал го откачи Хју Хефнер 5 дена пред свадбата

25-годишната Кристал го откачи Хју Хефнер 5 дена пред свадбата

В сабота 25-годишната Кристал Харис требаше да стане третата сопруга на 85-годишниот Хју Хефнер. Но, само 5 дена пред свадбата русокосата зајачица се премисли и ја раскина свршувачката.

Хју Хефнер и Кристал ХарисХју Хефнер и Кристал Харис

„По долго длабоко размислување, решив да ја прекинам мојата свршувачка со Хеф. Имам огромна почит кон Хеф и му посакувам сè најдобро за во иднина. Се надевам дека медиумите ќе ни ја дадат приватноста којашто ја заслужуваме во овој период“ – напиша Кристал на својот веб сајт.

Денес и основачот на Плејбој потврди дека долгоозборуваната свадба нема да се одржи. „Свадбата е откажана. Кристал се премисли“ – напиша тој на Twitter.

Според информациите на веб сајтот RadarOnline, Кристал го оставила Хефнер затоа што е во врска со синот на славниот Д-р. Фил, Џордан МекГро.

„Свадбата е откажана, како и сè останато. Хеф е во шок. Кристал го напушти имотот во 23:00 во неделата. Таа има момче. Се состанува со синот на Д-р Фил, Џордан. Таа мисли дека ќе живее со милионите на Д-р Фил“ – пишува сајтот, цитирајќи анонимен извор.

Џордан со неговиот татко Д-р ФилЏордан со неговиот татко Д-р Фил

Гласините за тајна врска меѓу Џордан и Кристал се појавија уште во март, но веднаш беа демантирани од нејзиниот претставник.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20956 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.