Додека околу Бијонсе и Џеј Зи кружат гласини за развод и бременост, славниот пар ги игнорира медиумските шпекулации и се фокусира на семејниот живот и идни проекти.
Неодамна музичките ѕвезди беа на семејно патување со јахта по повод 33. роденден на Бијонсе. Како и многупати досега, познатата пејачка сподели со своите фанови приватни фотографии од семејниот албум.
Пред неколку дена Бијонсе и Џеј Зи ја завршија својата заедничка турнеја „On The Run“ во Париз, каде и започнаа гласините дека таа е бремена, бидејќи нејзиниот сопруг го променил текстот на една од изведените песни.
Вчера беше објавено дека музичкиот пар наводно започнал да работи заедно на нов албум.