Бијонсе задоцни на овогодишното доделување на наградите Греми, но тоа не ѝ попречи да го сруши рекордот за најмногу Греми победи во историјата.
41-годишната дива го пропушти црвениот тепих и врачувањето на првата награда поради сообраќајниот метеж во Лос Анџелес. Таа пристигна на манифестацијата облечена во златно-сребрена металик креација од Гучи заедно со сопругот Џеј Зи.
На 65-тото издание, Бијонсе освои четири златни грамофони и со вкупно 32 Греми награди го сруши рекордот. Таа има и рекордни 88 номинации досега.
Славната музичарка победи во категориите Најдобар денс/електронски албум, Најдобра R&B песна, Најдобар денс/електронски запис и Најдобра традиционална R&B изведба.
Бијонсе подоцна се пресоблече во црн кадифен фустан и позираше со Џеј Зи.