Бијонсе и Џеј Зи за првпат беа фотографирани со трите деца во јавност. Музичкиот пар беше „уловен“ од папараците откако пристигна на хелиодром во Њујорк.
Славниот рапер носеше едно од близначињата во детско седиште, додека второто го држеше член на тимот.
5-годишната Блу Ајви беше облечена во лежерна комбинација, исто како својата популарна мајка.
Претходно, брачната двојка беше видена пред ресторан во „Големото јаболко“.