Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џеј Зи јавно призна дека ја изневерил Бијонсе

Џеј Зи јавно призна дека ја изневерил Бијонсе

Џеј Зи моментално го промовира својот нов албум „4:44“, за кој заработи 7 номинации за Греми, па станува сè поотворен и поотворен за личниот живот.

Иако последниот албум на Бијонсе ги разгори гласините дека Џеј Зи ја изневерувал, никогаш досега не беше потврдено дека парот надминал неверство пред раѓањето на близначињата Руми и Сер.

Бијонсе и Џеј Зи

Во интервју за „The New York Times“, Џеј Зи зборуваше за проблемите во бракот со Бијонсе и за првпат призна дека имало неверство. „Мораш да преживееш. Па, преминуваш на фаза преживување, а кога преминуваш во таа фаза, што се случува? Ги исклучуваш сите емоции. Дури и со жените, ќе се исклучиш емоционално, па не можеш да се поврзеш... Во мојот случај, длабоко е. И поради тоа се случуваат сите нешта: неверство...“ - рече тој.

Бијонсе и Џеј Зи

Со албумот „Lemonade“, Бијонсе ги начна шпекулациите за кризата во нејзиниот брак и за тоа дека славниот рапер ја изневерил со „Беки со убавата коса“. Џеј Зи ги засили тие разговори со новите песни. Па, на прашањето дали тоа ги поставило во непријатна положба, тој одговори: „Ја користевме нашата уметност како терапевтска сесија... и на двајцата ни беше многу непријатно, но најдоброто место во ураган е да си во неговиот центар. Седевме во окото на ураганот. Ох, подобро да не го користиме зборот ураган, затоа што многу луѓе страдаат од тоа, но најдоброто место е да си во средината на болката. И ние таму седевме. Беше непријатно. И многу разговаравме. Знаеш, бев многу горд на музиката која таа ја правеше и таа беше многу горда на уметноста која ја објавував. На крајот на денот, ние имаме голема почит еден кон друг за нашите творештва. Јас сметам дека е неверојатна.... Најтешкото нешто е кога ќе видиш на нечие лице болка која ти си ја причинил и потоа ќе треба да се справиш со себе.“

Бијонсе и Џеј Зи очигледно ги надминаа проблемите и моментално им се радуваат на трите деца.

Бијонсе и Џеј Зи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.