Црна венчаница, црн бидермаер, црна свадбена торта... на венчавката на Аврил Лавињ и Чед Кругер отсуствуваше традиционалната свадбена бела боја.

Свадбената церемонија во готски стил се одржа во замок во близина на Кан, Франција.



Просторијата во која Аврил и фронтменот на Nickelback се заколнале на вечна љубов била декорирана со црвени рози и запалени свеќи.


„Пред да зачекорам кон олтарот морав неколкупати да вдишам длабоко бидејќи срцето ми чукаше силно. Беше многу интензивно. Телото ми беше завладеано од емоции. Го здогледав него, а тој беше многу смирен и среќен. Му течеше солза која веднаш ја избриша. Се чувствував многу добро додека чекорев кон него. Тоа предизвика да се почувствувам како комплетна жена“ – изјавила Аврил за списанието Hello!.
За првиот танц, младенците ја избрале баладата „If I Said That I Loved You“, која ја компонирале заедно. Дури и свадбената торта била црна и украсена со црни и црвени рози.



Аврил веќе има зад себе еден брак со гитаристот на Sum 41, Дерик Вибли, со кого се раздели во септември 2009 година.